Отворен повик за изработка на лого за Младински Центар Карпош

Отворен повик за изработка на лого за Младински Центар Карпош

ТВОЈА ИДЕЈА. НАШЕ ЛОГО.

 

Младински Центар Карпош го создава својот визуелен идентитет и сакаме младите да бидат дел од неговото создавање!

Го отвораме конкурсот за изработка на првото официјално лого на Младински Центар Карпош.

Ако имаш од 15 до 29 години и идеја за лого што ќе ги претстави младите, креативноста, храброста, заедништвото и желбата за создавање промени, испрати ни го твојот предлог.

Избраното решение ќе стане официјално лого на Центарот, а авторот или авторката ќе добие и парична награда.

Конкурсот е отворен до 18 септември 2026 година.

Сите услови за учество и формата за пријавување се достапни во документите.

 

КОНКУРС

ПРИЈАВНА ФОРМА

 

Не бараме само убав знак.

Бараме симбол зад кој младите ќе можат да кажат: „Ова е нашиот Центар.“


Print   Email