Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА ја одржа конференцијата „Низ призмата на младинската работа – Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“ на 15 декември 2023 година во Скопје.
На настанот се споделија добри практики од пилотирање на методологии за поттикнување на младинското учество и граѓанскиот активизам помеѓу младите и се споделија два иновативни прирачници (DigyPAC и MOLA) кои користат офлајн и онлајн методи и алатки за обуки со млади кои можат да се пилотираат во формални и неформални образовни поставки.
Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА посочи дека Важноста на поттикнување на граѓанскиот активизам кај младите од основното и средно образование е од посебно значење доколку сакаме да го развиеме граѓанскиот активизам кај младите. Со проектот донесовме три нови методологии наменети за училиштата и граѓанските организации кои ќе им овозможат на младинските работници нови неформални пристапи за активирање на младите преку дигитално младинско учество.
Александра Петровска, Претседателка на ЗЕОООП смета дека новата дигитална ера донесе нови потреби за дигитално учество коешто граѓанските организации го интегрираа во своето работење надополнувајќи ја празнината на спората реакција на образовниот систем.
Методологиите се развиени во рамките на европскиот проект ACTIon, кој е финансиран и поддржан од Европската комисија преку програмата Еразмус+, Клучна акција 3, во партнерство со организации од Македонија, Германија, Бугарија, Грција и Белгија.
На конференцијата учествуваа наставници и стручни соработници од основни и средни училишта како и претставници на невладини организации, младински работници и службеници на млади од општините и од институциите.