Повик за учество на претставници на граѓански организации на обука за „Дигитално младинско учество и активно граѓанство“

Повик за учество на претставници на граѓански организации на обука за „Дигитално младинско учество и активно граѓанство“

Коалиција на младински организации СЕГА по повод 12 август - Денот на младите, објавува повик за учество на обука на тема „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ за 12 претставници од граѓански и младински организации од Пелагонискиот регион.

Обуката има за цел да ги зајакне капaцитетите на граѓанските и младинските организации за примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите. Истата ќе се реализира во периодот од 12-14 август во хотел Дрим во Струга.  

 Заинтересираните учесници може да се пријават со пополнување на пријавата на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/povik_za_ucesnici_digypack најдоцна до  08 август (понеделник) 2022 година до 16.00 часот.

 *Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:

- младински организации и организации кои работат со млади од Пелагонискиот регион

- организации членки на Коалиција СЕГА од Пелагонискиот регион

 Напомена: Од учесниците на обуката се очекува спроведување на последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка при спроведувањето на  последователните активности на локално ниво.

*Проектот предвидува одреден паричен надоместок за спроведување на локалните активности со млади.

 Со учесниците на обуката ќе биде споделен прирачник за обука DigiPAC и дополнителни материјали кои се креирани во рамките на проектот Еразмус+ ACTIon финансиран од ЕУ за да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.

 Трошоците за сместување, храна и пат ќе бидат целосно покриени од организаторот. Дополнително со избраните учесници ќе бидат споделени информации за патни трошоци согласно процедурите на Коалиција СЕГА.

 Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


Print   Email