Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА организира Национална Работилница за креирање на Позициски документ со препораки за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.
Работилницата ќе се одржи во хотел Амбиент – Струга, во периодот од 21 – 23 октомври 2022 година, а се спроведува како дел од на проектот „Младите може да бидат слушнати”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.
На Работилницата е предвидено да учествуваат млади (на возраст од 15 - 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, локални младински совети и службеници за млади.
Ве покануваме да се пријавите за учество на Националната работилница со пополнување на пријавата подолу.
Краен рок за пријавување е 18 октомври 2022 година.
За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска, Програмски раководител на СЕГА, на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..