РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
 
Со учениците од средното училиште СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп дискутиравме на темата „Климатски промени”.
 
Преку работилницата младите се едуцираа за тоа што се климатски промени и како настануваат, кои се директните последици од климатските промени на краток и долг рок, но најважно од се како да ги ублажиме последиците од климатските промени.
 
Учениците свој придонес дадоа и со своите ставови и мислења за тоа како може да ги ублажиме последиците на активностите од граѓаните на локално ниво, кои влијаат штетно врз нашата средина.
 
Работилницата беше организирана во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите” кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европски Солидарен Корпус.
 

Print   Email