ЗАВРШЕН НАСТАН

ЗАВРШЕН НАСТАН

Локалните волонтери со поддршка од Коалиција СЕГА ги презентираа спроведените активности во рамки на проектот „Одржлива средина и ефективен развој за младите“.

На завршниот настан беа презентирани спроведените активности и темите кои младите локални волонтери ги имплементираа со поддршка од Коалиција на младински организации СЕГА, како и официјална промоција на Позицискиот Документ кој се креира во рамки на проектот.

На настанот, младите локални волонтери имаа можност да ја промовираат улогата и важноста на волонтерската работа, со посебен фокус на локално ниво и како може да придонесат младите со свои идеи за нови активности.

Воедно, на настанот беше присутен и претставник од локалната самоуправа и обезбеди дополнителна поддршка, а воедно ги информира младите за улогата на локалниот младински совет, кој како тело има улога да ги поддржува и вклучува младите на локално ниво.

#EuropeanYearOfYouth #SEED4Youth


Print   Email