Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на обука на тема „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ за 12 претставници од граѓански и младински организации од Источен, Југоисточен, Североисточен и Вардарски регион.
Обуката има за цел да ги зајакне капaцитетите на граѓанските и младинските организации за примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите. Истата ќе се реализира во периодот од 21-23 април, 2023 година во Штип (селектираните учесници ќе бидат дополнително известени за точното место на одржување).
Заинтересираните учесници може да се пријават со пополнување на пријавата на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/povik_za_ucesnici_digypack најдоцна до (четврток) 13 април, 2023 година до 16.00 часот.
*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:
- младински организации и организации кои работат со млади
- организации членки на Коалиција СЕГА
Напомена: Од учесниците на обуката се очекува спроведување на последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка при спроведувањето на последователните активности на локално ниво. Проектот предвидува одреден паричен надоместок за спроведување на локалните активности со млади.