Меѓународна младинска размена “DIGYouth action for green reaction”

Меѓународна младинска размена “DIGYouth action for green reaction”

Коалиција на младински организации СЕГА во периодот од 01- 07 јуни 2023 година спроведе меѓународна младинска размена “DIGYouth action for green reaction” во Струга.

На размената учествуваа млади од Турција, Италија и Македонија и разменуваа искуства и идеи за одржлива и чиста средина, младински еко активизам и др.

Целта на младинската размена е зголемување на младинскиот активизам поврзан со зелени практики за одржливост. Целите на младинската размена се развивање знаења и вештини за зачувување на зелената средина преку употреба на дигитални алатки и поттикнување на активизам и учество на младите вонивните средини преку промоција на зелени практики меѓу нивните врсници.

Младинската размена се организира во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Проектот се имплеметира од страна на Коалиција на младински организации СЕГА со партнерите Amaita Intercultura од Италија,  NECI NMK и Antalya Değer Yaratanlar Derneği-Antalya Value Creators Organization од Турција.


Print   Email