СЕГА реализираше меѓународна обука “Youth work in Green entrepreneurship”

СЕГА реализираше меѓународна обука “Youth work in Green entrepreneurship”

Зеленото претприемништво е една од главните теми на кои ЕУ им дава приоритет. СЕГА во насока на поддршка за потребите на младите, ja реализираше Обуката “Youth work in Green entrepreneurship” во Струга.

На обуката учество зедоа младински работници од Македонија, Турција и Словачка. Младинските работници ги зајакнаа своите  компетенции за поддршка на младите од нивната околина за  креирање на вработливост фокусирано на зелениот раст, така што додека би ја одржувале благосостојбата, нема да и штетат на природата и напротив - би делувале позитивно.

Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведе оваа активност како дел од Акредитиран проект според Програмата Еразмус+, Клучна акција 1: Индивидуални мобилности, поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.


Print   Email