ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА И БРЕНДИНГ ЗА КАМПАЊА

Коалиција на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Врсничка едукација за информиран избор за средно училиште – Патеки кон стручно и дуално обраозование “, поддржан од ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОДУКЦИЈА НА СЕРИЈА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ И БРЕНДИНГ ЗА КАМПАЊА.

Овој повик има за цел да ангажира професионална агенција за видео продукција која ќе изработи 5 видео приказни (storytelling videos). Овие видеа ќе имаат клучна улога во разбивањето на стереотипите за стручното образование, претставувајќи го „триаголникот на успех“ составен од ученик, вработен и работодавач. Материјалите ќе бидат наменети за врсничките едукатори и за промоција на социјалните мрежи (TikTok, Instagram, Facebook).

Дополнително, избраната агенција потребно е да креира и целосен визуелен идентитет за кампањата, вклучувајќи впечатливо мото и пакет дизајн-темплејти за веб, социјални и традиционални медиуми.

Ангажираната агенција за видео продукција ќе биде одговорна за целокупниот процес (претпродукција, снимање на терен, монтажа и постпродукција) на вкупно 5 видеа (по 1 видео во секоја од 5-те целни општини).

Специфични задачи и обем на работа:

  • Локациско снимање: Реализација на снимање во 5 општини (Охрид, Прилеп, Гостивар, Велес, Штип). Во секоја општина се снимаат по 1 различна успешна приказна (вкупно 5). Патните трошоци се обврска на агенцијата за видео продукција и се вклучени во цената
  • Содржина на видеата: Секое видео треба да содржи 5-7 минути „Day-in-role“ приказна со Q&A сегмент (прашања и одговори), вклучуваќи:
    • Приказна на вработен поранешен ученик од дуално образование
    • Интервју со ментор/работодавач кој ги поврзува вештините со реалните задачи на работното место
    • Изјави на врснички едукатори од избраните училишта
  • Испорака на формати (Deliverables): За секоја од 5-те приказни, агенцијата треба да испорача:
    • Long-form видео (16:9): 5-7 минути (за YouTube/Facebook)
    • Short-form видео / Teaser (9:16): до 30-60 секунди (за TikTok/Reels/ Facebook)
  • Техничка обработка: Монтажа, колор корекција, обработка на звук, вметнување на наслови и задолжителна видливост (дисклејмеер и логоа) на донаторот и проектот
  • Брендинг за кампања: креира „брендинг“ за кампањата кој ќе содржи: мото, пакет дизајн темплејти за објави на веб, социјални и традиционални медиуми

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

 

  • Да е регистриран правен субјект во Р.С. Македонија
  • Искуство во видео продукција, снимање и монтажа (пожелно искуство со storytelling формат)
  • Портфолио на претходно реализирани брендинг кампањи (вклучувајќи период, име на клиент и резиме на реализирани активности, примерок од медиумски продукти)
  • Технички капацитет (опрема за снимање во висока резолуција, аудио опрема и пожелно дрон)
  • Капацитет за теренска работа во наведените 5 општини

 

ПОСТАПКА И ПРАВИЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, РОК И ИЗБОР

Секој заинтересиран правен субјект што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со доставување на:

  • Писмо за интерес (со краток опис на искуството)
  • Финансиска понуда (во рамки на предвидениот буџет)
  • Портфолио со претходно изработени слични видео материјали (линкови до видео изработки и кампањи)
  • Тековна состојба (не постара од 6 месеци).

на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: Пријава на јавен повик за видео продукција – [Име на Апликантот]

Краен рок за доставување на апликациите е 23 јануари 2026 година, до 00:00 часот.

Пристигнатите апликации ќе бидат евалуирани од страна на комисија формирана од Коалиција СЕГА. Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., но не подоцна од 22 јануари 2026 година.

Сите потребни информации поврзани со повикот може да ги најдете на следниот линк:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА И БРЕНДИНГ ЗА КАМПАЊА


Print   Email